Димитров очигледно е задоволен од новата фризура и, како што пишува самиот, се чувствува подмладен за седум години.

Објавил: Владо Марин | 18 септември, 2020 21:52

Димитров се подмлади за 7 години (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, на својот официјален Инстаграм профил објави фотографија од фризерски салон.

Димитров очигледно е задоволен од новата фризура и, како што пишува самиот, се чувствува подмладен за седум години.

Кај Адо волшебникот, 7 години помлад!“, напиша вицепремиерот на неговиот официјален инстаграм-профил.

Никола Димитров / Фото: Инстаграм
@_nikola_dimitrov_

Вицепремиерот за европски прашања пред два месеци исто така имаше објавено слична фотографија, кога се „поднови“ со нова фризура во Драчево.

Сепак, Димитров изгледа сега е малку позадоволен од претходниот пат, бидејќи тогаш, според негови зборови, фризерот го подмладил за три години.

„Маалскиот бербер во населба Драчево ми симна три години, за три минути“, напиша тогаш Димитров.

Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 во министерството за надворешни работи како советник од областа меѓународно право за правата на човекот. Бил назначен за заменик министер во 2000, а бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски.

Во 2002 бил именуван за македонски амбасадор во САДдоаѓајќи на местото на Љубица Ацевска. Со 32 години бил најмладиот амбасадор во САД, а за време на неговиот престој во 2004 САД ја признале Македонија под уставното име. Никола Димитров е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери и основачи на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Никола дипломирал меѓународно право на универзитетите во Скопје и Кембриџ. Тој има три деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.