Никола Димитров повика пратениците да ја испочитуваат народната волја искажана на референдумот, што правно е повик 2/3 од пратениците да гласаат против уставните измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 13:34

Димитров: Собранието да реши дали ќе ја почитува волјата на народот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, во исто време кога премиерот објави дека ќе има седница на Влада за уставни измени, нелогично побара Собранието на Македонија да ја следи волјата на народот.

Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот. – изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната дебата “Билатералното на Балканот: Регионалните импликации на билатералните спорови” организирано во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

Математички според Димитров, референдумот е успешен и одлуките од него мора да се почитуваат.

Излезноста на референдумот беше близу 37 проценти и иако имаме Изборен законик кој предвидува цензус, сепак 609 илјади граѓани кажаа “да”. Тоа е мнозинството и тие сакаат Македонија да оди напред. Следат разговори во Парламентот. Ни претстои историска одлука. Нашата реалност е дека не може да го заобиколиме спорот за името на патот кон НАТО и ЕУ. Парламентот треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот. Ова е клучот. Ако сакаме напред, треба да го искористиме овој клуч. -рече Димитров.

Според него, единствен пат кога повеќе граѓани се изјасниле “за” на некои избори биле оние во 1994 година кога Киро Глигоров беше избран за претседател на државата. Димитров меѓу другото истакна дека предвремени парламентарни избори се последна опција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.