Министерот за надворешни работи Никола Димитровски на својот Фејсбук профил напиша дека стандардниот македонски јазик официјално е кодифициран во мај 1945 година.

Објавил: Весна Петровска | 12 декември, 2019 18:37

Димитров: Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Министерот за надворешни работи Никола Димитровски на својот Фејсбук профил напиша дека стандардниот македонски јазик официјално е кодифициран во мај 1945 година. Ова е неговиот став во врска со ставот на Бугарската академија на науките за македонскиот јазик.

„Во 21от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно. Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти.Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“ напиша Димитров на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести