Никола Димитров очигледно заборави на минатото па со својот пост го навреди #Бојкотирам на СДСМ од 2004-та година кога изгласаа нова кобна територијална поделба на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 12:32

Димитров: “Шарената револуција е одговорност #Бојкотирам е неодговорност”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред референдумски манифестира селективна меморија што се слобода на личен избор и амнезија што своевремено СДСМ мислеше за #Бојкотирам како концепт на еден сосема друг Референдум во 2004 година.

Никола Димитров очигледно има “ограничено” разбирање на слободата на изразување и одлука на електоратот.

“Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал.
Кога пофрлија институциите – граѓаните преземаа одговорност – барајќи правда.” – напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров правејќи паралела со движењето #Бојкотирам.

Можеби повикот на неговиот ментор Владо Бучковски од функција на премиер во 2004 година ќе го потсети дека и #Бојкотирам е опција.

“Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ – за бегање од одговорност – за немање глас за сопствената и иднината на Македонија – исправена пред историска раскрсница.

Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот – меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлинaта.” – напиша Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...