Барањето на Димовски, од страна на Заев беше оценето како конструктивно, по што побара време да се консултира, ако тие измени би зголемиле поддршка за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 14:47

Димовски бара три историски документи да се дел од Преамбулата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На денешната расправа на Комисијата на Собранието за уставни прашња, откако беше изгласан амандман 33 со кој се менува името на државата, започна расправа по амандман 34 за корекции во Преамбулата.

Три историски документи да се вметнат во преамбулата на Уставот, предложи пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој побара да се додадат Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското кресненско востание од 1878 година, Уставот на ТМОРО од 1896 година и Уставот од 1991 година.

Испирација за овој предлог како што рече било вметнувањето на Охридкиот рамковен договор во нацрт амандманите.

Имам дилема дали да стои Охридскиот рамковен договор, но образложенеито на премиеот го прифаќам дека тој е во Уставот само името дека го нема.

Има уште три правни документи кои треба да се во преамбулата. Првиот е правилата на македонскиот востанички комитет од Македонското кресненско востание од 1878 година. Во него се утврдува концептот на идната македонска држава. Во него разработени се меѓунационалните односи, односите со соседните народи и разработени се и социјални прашања. – рече Димовски.

По него премиерот Зaев рече дека ќе се консултира со правни екпсерти за предлозите, бидејќи според него немало ништо лошо во нив, особено ако тоа би придонело во иднина да се зголеми бројот на пратеници кои ќе размислат за поддршка на амандманите.

Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското кресненско востание од 1878 година

Устав на ТМОРО донесе 1896 година

Устав на Република Македонија од 1991 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.