Телешко месо е одличен предлог за подготовка во секоја прилика.

Објавил: admin@magazin | 19 февруари, 2019 23:36

Динстано телешко со печурки

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ова меко, сочно и превкусно динстано месо се топи во уста. Прочитајте го овој извонреден рецепт и уживајте во готвењето.

Брза и лесна подготовка на телешко месо за вас и вашите пријатели. Направете изненадување за семејството со сочно месо, со врвен вкус и мирис. Можете да го сервирате со ориз или со варени компири.

Минералните материи во месото се претставени со низа на минерални соли како натриум хлорид, соли на фосфорна киселина и други; макро- и микроелементи. Сите тие се лесно усвоиви за човечкиот организам.

Состојки:

600 гр телешко месо
1 поголема главица кромид
1 -2 моркови
1 свежа пиперка
печурки
магдонос

Начин на подготовка:

Месото исечете го на поголеми парчиња (како на фотографијата) и ставете ги исецканите моркови, кромидот, пиперката, лажичка црвен пипер, додадете сол, мелен црн пипер и ловоров лист.
Доколку има потреба додадете лажичка брашно.
Додадете ги и печурките и варете на тивок оган додека да се свари месото.
Ставете го месото со сите состојки во тава за печење. Печете на температура од 200 степени додека месото не фати печена кора и румена боја.
Извадете го месото и сервирајте го со печурките и сосот/водата од тенџерето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.