Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Објавил: Перо Милчин | 11 септември, 2021 14:59

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.

Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и за жал починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија.

Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.

Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.

Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.

Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.

Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да не води, стои во писмото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...