Истрагите за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести и момчето од скопската населба Карпош, кои кривично се гонат заради ширење на коронавирусот, не може да завршат се додека не оздрават луѓето кои ги заразиле.
Од обвинителството за Канал 5 потврдуваат дека се собираат материјални докази- медициниска документација од болниците каде се лекуваат луѓето кои ги заразиле, а за вербалните докази односно исказ од заболените ќе се почека тие да оздрават, доколку е потребно за изјава ќе се повикаат и нивните лекари, објаснуваат од обвинителството.
Неодговорност се истражува и за момче од Карпош, потпишал изјава за карантин, но не ја почитувал, се разболе неговиот татко и уште неколку колеги, а првично изјавите беа дека се заразиле од нивни соработници од Србија. На списокот на заразени од ова семејство се брои и медицинска сестра од домашна посета која се заразила од таткото-според одговорните од итна помош ја повикал службата без да каже дека чека резултати за ковид 19. Се поизвесно е дека двата случаи ќе зарвшат со обвинителен акт, за делото е пропишана и затворска казна.
Највисока парична казна за ширење на вирусот е 5000 евра изречена во случјот со заразеното 4-годишно девојче од Штип, неодговорно член на семејството одел кај соседите и на одделот за уво нос и грло. 4500 евра треба да плати докторот од Кавадарци кој наместо да седи дома по враќањето на ќерката од Италија тој продолжил да оди на работа.
До сега во основните судови, решени се вкупно 82 казнени налози заради непочитување на мерките за време на пандемијата. Изречените парични казни се поткрепени со полициските записници, присуство на прекршителите во судот не е потребно, само доколку приговараат па ќе се чека да им помине карантинот.
Извор: Канал 5
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.