Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2020 11:43

Директорката на кумановската болница позитивна на Ковид – 19

Фото/Текст извор: ©телма.мк фото алсат.мк

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19, објави Телма.мк.

– ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ ОД ТЕСТОТ ЗА САРС-КОВ-2. БЕЗ МАСКА САМО ДОМА, ПЕТ МЕСЕЦИ РАБОТА – ДОМА, НО ИМУНИТЕТОТ ПОПУШТИ. ХРОНИЧНИОТ СТРЕС И ПРЕМОРЕНОСТА СИ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО. ЧУВАЈТЕ СЕ, НАПИША ЗАХАРИЕВА.

Директорката на Кумановската болница двапати беше во самоизолација, еднаш на почетокот на кризата кога се врати од приватно патување, а вториот пат кога член на нејзиното семејство присуствуваше на партискиот состанок по што беше откриено дека директорката на УЈП Сања Лукаревска е позитивна, но резултатите беа негативни.

Во Кумановската болница од почетокот на кризата беа заболени повеќе од сто здравствени работници, а голем дел беа во изолација Одделенијата работеа со редуциран кадар, доаѓаа лекари од други градови. Состојбата по извесен период се стабилизираше.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести