„Сакав да кажам вчера: да побарам од Владимир Владимирович да се обрати до СЗО, до сите земји“, рече таа синоќа, пренесува ТАСС.

Објавил: Перо Милчин | 27 март, 2020 12:37

ДИРЕКТОРКАТА НА СЗО: Мерките од Путин треба да ги послуша цел свет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Би било добро за сите држави да внимаваат на мерките за борба против вирусот корона, а посебно тие што ги најави рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред нацијата во средата, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујнович.

„Сакав да кажам вчера: да побарам од Владимир Владимирович да се обрати до СЗО, до сите земји“, рече таа синоќа, пренесува ТАСС.

Според неа, СЗО со години предупредуваше дека борбата против глобалните епидемии не е само здравствена заштита, туку подразбира и социјални и економски мерки, за кои Путин рече дека јасно ги објавила.

„Сакав да кажам вчера: да побарам од Владимир Владимирович да се обрати до СЗО, до сите земји“, рече таа синоќа, пренесува ТАСС.

Таа додаде дека веднаш го претставила извештајот на службените лица на СЗО, кои биле „изненадени“ од обраќањето на Путин.

Таа, исто така, истакна дека СЗО ги следи практиките и стратегиите што ги спроведуваат државите, додавајќи дека СЗО може да извлече поуки од руското искуство.

Бројот на заразени лица со коронавирус во 202 држави и територии ширум светот ја надмина границата од 500.000. САД го презедоа првото место од Кина по бројот на евидентирани случаи.

Во светот досега се регистрирани 560.000 инфицирани лица од кои над 60.000 во последните 24 часа.

Вкупниот број, пак, на смртни случаи, со забележаните 2.500 во вкупно 59 држави во последното деноноќие, достигна 24.000, објави агенцијата „Ројтерс“ претпладнево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести