Се поставува прашањето како вакви некултурни ликови како Галетановски Чомбе, со сомнително образование, стануваат битни директори и партиски функционери?

Објавил: Данаил Михајловски | 19 мај, 2019 22:10

Директорот Галетановски плукајќи по дијаспората ги навреди министерот Димитров, Милчо Манчевски и Дарко Митревски

Фото/Текст извор: ©магазин

Директорот на ЗОО-Градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски Чомбе, преку своите навреди кон иселениците, нарекувајќи ги “гнаси на кои треба да им се одземат пасошите“, свесно или не, навреди и многу семејства на јавни личности во државава и вон неа. Имено, иселеници од Македонија во странство се и сопругата и децата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кои работат, се школуваат и живеат во Хаг, каде имаат и свој стан. Иселеник е и ќерката на Али Ахмети, која повеќе години живее и работи во Австрија.

Иселеник од 1985 година е и Милчо Манчевски, најпознатиот македонски режисер, кој живее и работи во Њу Јорк, исто како и неговиот колега Дарко Митревски (филм “Трето полувреме“) кој живее во Лос Анѓелес. Иселеници се и сестрата и внуката на новинарот Борјан Јовановски, кои живеат и работат во Брисел. Иселеник е и Проф. Петар Поповски, охриѓанец кој живее во Данска, предава на универзитетот во Алборг и два пати бил добитник на данската кралска награда за наука и истражување. Иселеници се и Димитар Морарцалиев, познат адвокат од Женева, како и Роберт Милески (стружанец) кој е сопственик на успешна компанија за софтвер во Германија.

Сите овие луѓе на свој начин и помагаат на Македонија и се поврзани со неа. Сите овие иселеници направиле многу повеќе од Ѓорѓи Галетановски Чомбе за Македонија. Затоа се поставува прашањето кој е Чомбе, како е дојден до така висока директорска позиција, како има добиено диплома и од каде, од каде таа ароганција и злоба, и кој му дал за право да навредува и омаловажува македонски државјани, а при тоа да зема државна плата од буџетот во чие полнење голем придонес дава и македонската дијаспора? Добро рече некој, на Заев не му треба метла, туку “Кирби правосмукалка“ за да ги исчисти ваквите квази-директори кои сеат само омраза и поделби меѓу народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...