Фотографија од новиот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Сашо Тасевски и активистката на СДСМ Ивана Божиновска кружи по социјални мрежи со огромна осуда

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 9:25

Директорот на БЈБ во прегратка со активистката што посакуваше на полицајците “Куманово пак да ви се деси”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фотографијата е објавена на “Фејсбук” профилот на Ивана Божиновска девојката која на македонската јавност и стана позната во 2016-та година кога на тогашните протести предводени од СДСМ и т.н. “Шарена Револуција” јавно им порача на македонските полицајци:

Божиновска наиде на негативна критика и осуда од македонската јавност кога на протестите на СДСМ во 2016-та на македонската полиција им посака пак да им се случи Куманово.

“Да даде Господ Куманово пак да ви се деси”.

Инаку во вооружениот конфликт во Куманово и кумановско “Диво Насеље” во мај 2015-та година животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили а 37 беа ранети.

Непосредно по крвавата пресметка тогашниот претседател на опозиционата СДСМ Зоран Заев беше во посета на “Диво Насеље” каде се фотографираше со локалното население.

Во конфликтот беа убиени 10 терористи а 30 беа заробени и потоа беа изведени на суд и осудени на доживотна затворска казна но подоцна власта предводена од Зоран Заев и СДСМ со ДУИ ги поништи пресудите и го врати судењето на почеток.

Што би рекол Андреј Жерновски “чудна правда”!?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...