Според истрагата имало пропусти во обезбедувањето на затворот па од морални причини Ѓоко најави оставка од функцијата. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2019 17:26

Директорот на затворот „Шутка“ се уште не поднесе оставка иако вети

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ѓоко Котевски, директорот на истражниот затвор Шутка се уште не поднесе оставка иако минатата недела најави дека ќе го напушти директорското место. Тој вети дека заедно со оставката во исто време ќе го објави извештајот и за инцидентот во кој беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски.

Ѓоко Котевски вети дека денеска ќе го напушти директорското место a во исто време ќе го објави извештајот и за инцидентот во кој беа нападнати поранешните министри Јанакиески и Ристовски.

Според истрагата имало пропусти во обезбедувањето на затворот па од морални причини Ѓоко најави оставка од функцијата. 

Директорот најави оставка по инцидентот кој се случи минатата недела во затворот Шутка каде физички беа нападнати  поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. 

По нападот Јанакиевски беше третиран во градската болница по што добил соодветна терапија. Инаку напаѓачите се притворениците  Лирим Красниќи и Есат Кафеџоли обвинети за случајот „Диво Насеље“. 

Инцидентите се случиле во два различни павиљони за време на прошетка во двор а ги обезбедувал само еден чувар. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...