Објавата денеска на големо се споделува на социјалната мрежа, а во неа, се повиквуаат гласачите кои сакаат да гласаат за една партија да го чкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче.

Објавил: Владо Марин | 13 јули, 2020 20:25

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на Фејсбук, јавува А1он.

Денеска објавата се споделуваше на социјалната мрежа, а во неа, се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за една партија да го чкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче.

Директорот Галетановски околу еден час давал исказ во полиција, откако бил пријавен од анонимно лице.

Горѓи Галетановски – Чомбе во 2018 година беше избран за новиот директор на на Зоолошката градина во Скопје, доаѓајќи на местото на Јорданчо Милошевски.

„Чест ми е што градоначалникот Петре Шилегов и градските власти ми ја доверија оваа функција, и давам збор дека ќе работам на подобрување и разубавување на институцијата, чесно, отчетно и транспарентно и во интетрес на сите граѓани. Уште еднаш, благодарам на сите за поддршката,и ветувам дека никогаш нема да заборавам од каде дојдов до тука“, напиша тогаш на својот Фејсбук профил.

Инаку, Галетановски е познат како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.