"Покренати се неколку прашања во врска со тоа дали некои хипотези се одбиени.

Објавил: Владо Марин | 11 февруари, 2021 21:22

Директорот на СЗО за потеклото на вирусот: Сите хипотези остануваат отворени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана, денес изјави дека остануваат отворени сите хипотези за потеклото на вирусот корона што ја предизвика пандемијата.

“Покренати се неколку прашања во врска со тоа дали некои хипотези се одбиени.

Сакам да разјаснам дека сите хипотези се отворени и бараат дополнително проучување”, рече Тедрос.

Тој додаде дека тимот сè уште работи на финалниот извештај и му се заблагодари на независниот тим експерти за како што рече, „многу важна научна вежба во многу тешки околности“, пренесува Гардијан.

Тим експерти кои го проучувале потеклото на вирусот во вторникот рекоа дека е „крајно неверојатно“ да протекол од вирусолошки лаборатории во Вухан и дека тоа „не е хипотеза за која тие веруваат дека подразбира понатамошно истражување“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.