Тој рече дека „Ковид-19“ се шири брзо, особено во средини како што се старечки домови.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2020 10:03

Директорот на СЗО порача: Корона вирусот е 10 пати посмртоносен од епидемијата свински грип во 2009 година!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вирусот на корона е десет пати повеќе смртоносен од епидемијата на свински грип во 2009 година, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејес, предупредувајќи дека контролите мора да се подигнат полека и на контролиран начин.

Тој рече дека „Ковид-19“ се шири брзо, особено во средини како што се старечки домови.

Знаеме дека раното откривање на случаи на инфекција, тестирање, изолација и пронаоѓање на секој контакт се од суштинско значење за стопирање на преносот, рече Гебрејес, велат агенциите.

Директорот на СЗО посочи дека „Ковид-19“ се шири многу брзо, но дека забавувањето на преносот е многу потешко.

„Со други зборови, паѓачката патека е многу побавна од нагорната патека. Ова значи дека контролните мерки мора да се подигнат полека и на контролиран начин“, рече Гебрејес.

Тој инсистираше на тоа дека државите не треба да донесуваат одлуки премногу брзо за да ги заобиколат мерките воведени за контрола на ширењето на вирусот корона.

Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро.

Во разговор за Би-Би-Си тој кажа дека општествата мораат да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност”, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...