Причината за ваквата состојба е доцнењето на тендерот, а пациентите најверојатно до март ќе бидат препуштени сами на себе. Доколку редовно не се контролира гликемијата, кај овие пациенти може да настанат сериозни проблеми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2021 16:32

Дијабетичарите во критична состојба – нема ленти за мерење на гликемија во крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заради недомаќинското и неодговорно функционирање на Министерство за здравство (МЗ), повторно доведено е во прашање здравјето на пациентите кои имаат синдром на хронична хипергликемија, што настанува како резултат на недоволно ниво на инсулин во крвта. Ова дијабетичарите  ги става во критична ситуација, при што се принудени да се  снаоѓаат самите за да стигнат до лентите за мерење на шеќер во крвта и истите да ги плаќаат приватно.

Причината за ваквата состојба е доцнењето на тендерот, а пациентите најверојатно до март ќе бидат препуштени сами на себе. Доколку редовно не се контролира гликемијата, кај овие пациенти може да настанат сериозни проблеми.

Поради неспособноста на МЗ, навреме да ги реализираат тендерите, кои патем треба да ги добијат фирмите блиски до власта, страдаат пациентите чекајќи за терапија, која законски им следува бесплатно. Не е прв пат да доцнат испораките за инсулинска терапија, пумпи, апаратчиња, или како што е случај сега, ленти за мерење шеќер во крвта. Финансискиот товар на овие хронични категории на пациенти треба да го сноси државата, а сега товарот го сносуваат пациентите, кои најчесто се со минимални примања.

Претставниците од Министерството за здравство, пред да излезат на прес конференции, каде се расфрлаат со флоскули дека се грижат за здравјето на секој граѓанин, нека прошетаат низ ходниците од јавното здравство, за да ја увидат реалноста на терен. Поразителен е фактот што дури околу 70-80% од луѓето со дијабетес умираат од кардио-васкуларни болести.

Дополнителен проблем имаат и дијабетичарите  кои земаат фармаколошка терапија преку орални хипогликемици, па за да го контролираат шеќерот во крвта во време на пандемија, приморани се да одат кај матичните лекари за да вршат контрола.

Според последните податоци  бројот на заболени од дијабетес во Р. Македонија изнесува 120.000, а неговата преваленца од година во година значително расте наместо да се намалува, или пак да стагнира, што ни укажува на квалитетот на живот којшто еден просечен Македонец може да си го дозволи за себе и за своите блиски.

Сето ова е само уште еден од многуте показатели дека пациентите во реалноста немаат пристап до бесплатни здравствени услуги а дека државата не ги информира дека ги следува бесплатно по закон инсулинска пумпа и ленти за мерење на гликоза.

Време е да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавно здравство, затоа што соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување, не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравствените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР
12 февруари, 2021

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...