Георгиевски би било многу лошо ако Бугарија стави вето за Македонија во Европската Унија.

Објавил: Македонка Димкин | 23 октомври, 2020 20:50

Длабокатa држава ги нарушува односите меѓу Македонија и Бугарија

Фото/Текст извор: ©тв21

Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу Бугарија и нашата земја. Од бугарската страна никој не сака промена на Уставот на  Македонија, а ниту пак нов договор, изјави Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската агенција БГНЕС, за време на неговата посета на Софија.

ТВ21 го праша Георгиевски на кого се однесува кога вели „длабока држава“ на што добивме кус одговор:

еоргиевски како претставник на помала партија во коалицијата со СДСМ, оствари средби со цел како што вели, олеснување на преговорите Бугарија-Македонија.

Го прашавме и премиерот Зоран Заев како ја коментира изјавата на Георгиевски за „длабоката држава“ и дали може некој друг да преговара со Бугарија, освен Владата. Одговор на овие прашања, од премиерот не добивме.

Георгиевски смета дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а како што вели, Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар на земјата.

Георгиевски додава дека би било многу лошо ако Бугарија стави вето за Македонија во Европската Унија. Ако до декември нашата земја и Бугарија не постигнат договор за отворените прашања, тогаш Македонија ризикува да не ги стартува пристапните преговори со ЕУ.

Љупчо Георгиевски е претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести