Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Објавил: Владо Марин | 12 февруари, 2020 7:45

ДОАЃААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов во државава ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, во северните и во западните предели ќе има локални послаби врнежи од дожд додека на планините ќе провејува слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Утре ќе имаме посончево и стабилно време, минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во петок нашата територија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран од запад и од северозапад.

Токму ова ќе услови од запад да започнат врнежи од дожд кој во текот на денот ќе се прошират насекаде. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).
На планините врнежите ќе бидат од снег, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени во најтоплите предели од државава. За време на викендот пак барем според најновите анализи ќе имаме стабилно и суво време без врнежи.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести