Против пожарни возила, возила за итна медициснска помош, лекари, специјалисти и друга помош од Македоноја е на пат кон Албанија. Овие снимки ги направи екипата на ТВ21 на автопатот во Косово.

Објавил: Весна Петровска | 26 ноември, 2019 21:53

ДОАЃА ПОМОШ ОД МАКЕДОНИЈА: Колона долга километри на пат за Албанија

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македонија испраќа помош во Албанија. Исто така Владата на Македонија одлучи да испрати и парична помош од шест милиони денари.

Против пожарни возила, возила за итна медициснска помош, лекари, специјалисти и друга помош од Македоноја е на пат кон Албанија. Овие снимки ги направи екипата на ТВ21 на автопатот во Косово.

Претходно во раните утрински часови веќе пристигна еден тим од пожарникари.

Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.

Тимот е координар од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население. Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.

Тој, како што се наведува во соопштението на Дирекцијата, во текот на целиот ден бил во контакт со сите релевантни институции кои се понудиле за помош.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 14 лица, од кои најмалку две се деца

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести