Времето се уште ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност, ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина и до околу 80 км/час.

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2020 9:16

ДОАЃА ЦИКЛОНОТ ЈАКОБ: Воздушниот притисок брзо опаѓа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес воздушниот притисок ќе бележи тенденција на брзо и значително опаѓање, тоа е најава за доаѓање на новиот циклон ЈАКОБ.

Времето се уште ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност, ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина и до околу 80 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Кон крајот на денов и навечер од запад облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе започнат врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност, особено претпладнево а во текот на денов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималната температура и понатаму ќе биде натрпосечно висока и се очекува да се искачи до околу 19 степени. Утре ќе има повремени врнежи претежно од дожд а температурите позначително ќе опаднат.
Циклонот ЈАКОБ утре ќе услови врнежите да се прошират во најголем дел од државава.

На ниските места ќе врне дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, снежната граница ќе има услови на некои места да се спушти и под 1000 м.н.в, особено на запад и на север. На планините се очекува да се формира позначителна снежна покривка ( над 20 сантиметри). Максималните дневни температури утре ќе бележат тенденција на значително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 14 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Влијанието на циклонот ЈАКОБ ќе се задржи и во петок кога на повеќе места повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд на ниските, на повисоките и планинските места ќе врне снег. Особено на планините снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. За време на викендот се очекува стабилизирање на времето.

Исто така за време на овој циклон на некои места, особено на запад се очекува да наврне и позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...