„Тоа ќе биде вистинска снежна бура, Армагедон, снежна апокалипса“, рече метеорологот на приватната станица Фобос, Евгениј Тишовец, пренесува руската новинска агенција Риа Новости.

Објавил: Перо Милчин | 11 февруари, 2021 11:41

ДОАЃА ЦРН ВИКЕНД ВО РУСИЈА: Се очекуваат обилни врнежи од снег – граѓаните стравуваат од најлошото

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Москва во средата ги започна подготовките за рекордни врнежи од снег во текот на претстојниот викенд, а експертите предупредуваат и на доаѓање на силен ветер.

„Тоа ќе биде вистинска снежна бура, Армагедон, снежна апокалипса“, рече метеорологот на приватната станица Фобос, Евгениј Тишовец, пренесува руската новинска агенција Риа Новости.

Тој додаде дека обилниот снег ќе започне да паѓа рано во петок и ќе продолжи во следните 36 часа. Тој предвидува дека ветровите може да дуваат со брзина од 15 до 20 метри во секунда, а температурата ќе се спушти до -15 степени Целзиусови.

Портпаролот на руската метеоролошка служба Росгидромет, Марина Макарова изјави дека тоа ќе биде продолжение на студениот бран што ја зафати Западна Европа.

За време на викендот очекува во Москва да наврнат 40 сантиметри снег. Москва веќе е покриена со близу 35 см снег, а Макаров наведува дека со новите слоеви, нејзината дебелина може да биде поголема од рекордните 77 см од март 2013 година.

Заменик-градоначалникот на Москва, Пјотр Бириуков, објави дека 13.500 плугови и 60.000 градски работници ќе бидат распоредени пред невремето. Минатата зима во Москва беше исклучително блага со многу малку снег.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...