Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Објавил: Владо Марин | 5 март, 2020 7:08

Доаѓа 8- ми Март, меѓународниот ден на жената: ЕВЕ ШТО ДА ПОДАРИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Меѓународен ден на жената е светски празник се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичко движење!

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник.

На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.[1]

Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Во Македонија мажите на понежниот пол обично подаруваат рози, но сепак тука не е изоставена прославата на жените по кафеани.

Розата е најчест избор кога се работи за подарување цвеќе. Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство.

Овој цвет може да биде доста скап, ако се знае дека цвеќарниците со месеци ги чуваат пупките на розите затворени, сè со цел да расцутат точно за 8 март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани