Станува збор за донесен нов ценовник донесен од страна на РКЕ кој во сила стапува од утре.

Објавил: Весна Петровска | 31 јули, 2019 14:08

ДОБРА ВЕСТ:Поевтинува парното греење

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Сметките за август месец и сите што ќе следуваат понатаму за парно греење ќе бидат поевтини, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Приклучените на БЕГ ќе добиваат фактури пониски за 6 проценти, приклучените на системот Скопје Север за 12 отсто, а ЕЛЕМ енергетика за 5%.

Станува збор за донесен нов ценовник донесен од страна на РКЕ кој во сила стапува од утре.

Ова се должи на намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто.

Одлуките за утврдување на цените за топлинска енергија на трите компании кои работат на територија на Град Скопје се донесени на денешната седница на регулаторот. Бислимовски во однос на одлуката за БЕГ појасни дека поради зголемената цена на природен гас од 20,4 проценти во 2019 споредено со 2018 година, вкупните трошоци за набавка на енергенсот на БЕГ-производство се зголемени за 24 проценти или во пари 2,6 милиони евра.

-Овие зголемени трошоци делумно ги амортизиравме со тоа што прв пат со нашите одлуки предвидуваме ТЕТО АД Скопје како когенеративна постројка да продава топлинска енергија која што е за 15 проценти пониска од цената на БЕГ производство. Влијанието на исклучените потрошувачи изнесува 7 проценти или во пари 1,8 милиони евра. Оваа година влијанието ќе биде 4 проценти, односно околу еден милион евра, а следната ќе биде 3 проценти или околу 800.000 евра. Благодарејќи на иницијативата која ја поведе РКЕ при носењето на новите правила за снабдување со топлинска енергија која беше прифатена од Владата, со што се намали ДДВ-то за топлинска енергија од 18 на 5 проценти, се доведовме во ситуација да се намалат вкупните трошоци на потрошувачите приклучени на БЕГ за топлинска енерхоија од 1 август за 6 проценти, рече Бислимовски.

Од август поевтини сметки за парно

Кај потрошувачите приклучени на Енергетика во Општина Гази Баба, а тоа се во населбата Железара и делумно Маџари, вкупниот трошок за топлинска енергија се намалува за 13,5 проценти. При тоа, фиксниот надометок за овие потрошувачи е намален за 30 проценти со што, вели, се дава сигнал да има уште повеќе потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија во овој дел од Скопје.

За Скопје Север, каде на мрежата се приклучени околу 460 потрошувачи, цената на парното е намалена за 12 проценти. Со оглед дека станува збор за многу мал број потрошувачи, од Регулаторната комисија предлагаат овие потрошувачи да се вклучат во системот на ЕЛЕМ Енергетика или на системот на БЕГ, затоа што актуелниот снабдувач се соочува со проблем за покривање на трошоците за набавка на природен гас.

-Со ова намалување на цените за топлинска енергија на теритоиријата на Град Скопје кои што во изминатиот период никогаш не биле толку намалени, даваме поттик што е можно поголем број потрошувачи да се приклучуваат на овој централен систем за греење, а исто така веруваме дека со овие цени ќе ги привлечеме и веќе исклучените потрошувачи повтотно да се приклучат на централниот систем за греење во Скопје, рече Бислимовски.

Според анализите на сметките, тој додаде дека нема поевтино греење од топлинската енергија и апелира што е можно повеќе потрошувачи да се приклучат на централениот систем на греење, со што, посочува, ќе се намалат фиксните трошоци на компаниите и ќе има поголемо намалување на ценатата на топлинската енергија. По согледувањата дека многу нови згради не се приклучуваат на централниот систем на греење, туку поставуваат котлиња кои користат електрична енергија што е најскап и неефикасен, Бислимовски најави дека во врска со ова РКЕ во следниот период ќе предложи во новиот закон за градба кој е во фаза на донесување, точно да се знае во кои делови од Скопје на кој начин ќе се греат граѓаните.

-Неприфатливо е од згради кои се на 200-300 метри од топланите да се греат на електрична енергија, рече Бислимовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...