Mалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Објавил: Перо Милчин | 12 август, 2019 13:43

ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Дизелот се намалува за два, а бензините за три денари!

Фото/Текст извор: ©24 ауто

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија ги одреди максималните малопродажни цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, каде е утврдено намалување во просек за 4,8% во однос на претходната недела.

Според тоа од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.

Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит. Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00
ден/лит.
Mалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,361 ден/кг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.