Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натрпосечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 18:21

ДОБРЕДОЈДЕ ОКТОМВРИ:Не очекува ДРАСТИЧНО време – месечна прогноза

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Високите температури ќе станат минато, подгответе се на драстична промена на времето.

Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натрпосечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.

Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено Долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет. Поизначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Како ќе поминува КАРМЕН над регионот и иститата ќе биде придружена со значително постуден воздух од север ќе се зоздадат услови на планинските места и за локално провејување на снег а според моменталната состојба на прогностичките модели има услови и за формирање на тенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени меѓутоа многу посвежо ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 21 степен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...