Во својот пост на социјалните мрежи Џеки Чен откри и дека добил заштитни маски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 16:46

Добро сум, не сум во карантин- се огласи Џеки Чен за коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот актер, Џеки Чен денеска  се огласи на социјалните мрежа во врска со коронавирусот. Актерот вели дека многу негови пријатели биле загрижени за неговото здравје, и му пристигнувале пораки. 

Во својот пост на социјалните мрежи Џеки Чен откри и дека добил заштитни маски.

Џеки Чен, добар дел од својот живот посветил на добротворната работа. Така од 2004 година е и доброволен амбасадор на УНИЦЕФ. Истата година во Хонгконг успеал да донесе изложба United Buddy Bears, која стана позната во меѓународни рамки во целиот свет. На овој настан беа соберени над 400.000 евра во корист на УНИЦЕФ и уште две организации за помош на децата.

Актерот искрено им се заблагодари на сите пријатели и обожаватели кои се загрижиле за неговото здравје. Посочи дека со неговото здравје е се во ред, и тој не е во карантит. 

-Јас сум здрав и безбеден, не сум бил во карантин. Добив многу пораки од пријатели кои прашуваат дали сум добро. Би благодарам на вашата љубов и грижа! Добив и некои специјални подароци од фановите низ целиот свет во ова многу тешко време. Ви благодарам за маските за лице. Побарав од мојот прекрасен персонал да ја донира вашата љубезност преку официјалните организации на оние на кои им е најпотребно. Ви благодарам!, напиша Чен на социјалните мрежи.

Инаку Џеки Чен е роден на 7 април 1954,  тој е кинески глумец, продуцент, поп пејач и сценограф кој е роден на 7 април 1954 година во Хонгконг. Џеки Чен е исто така и поп пејач кој има снимено некаде околу 20 албуми од 1984 година. Пее на различни јазици: англиски, мандарински и јапонски.

Џеки Чен е роден во Викторија Пик (Хонгконг). Тој е син на Ли-Ли и Чарлс Чен, кои емигрирале во Канбера, Австралија како бегалци од Кина во текот на кинеската граќанска војна во 1960 година. Неговото правилно име е Чен-Конг Санг што во превод значи роден во Хонгконг. Кога се родил бил тежок 5,5кг, што е доста необично за кинезите. Во текот на годините Џеки Чен бил познат по разни имиња: Јун Ло, Џен Јунг Лунг и Џеки Чен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.