Вицепремиерот Османи од владината говорница, јасно стави до знаење дека партискиот став на ДУИ е дека мерката додаток за трето дете е одлична и покажува солидни резултати

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 9:00

Додатокот за трето дете на ВМРО – ДПМНЕ, ги скара ДУИ и СДСМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Додатокот за трето дете, проект кој го реализираше владата на ВМРО – ДПМНЕ согласно изборната програма, оценет е како штетен и се предлага да се укине, причина поради која ДУИ и СДСМ имаат отворен конфликт.

Имено во име на партијата, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, порача дека ДУИ останува на ставот дека додатокот за трето дете е добра мерка.

Откако Министерството за труд и социјална политика оцени дека се потребни измени за оваа мерка на површина излегоа и разликите помеѓу коалициските партнери, ДУИ и СДСМ, по ова прашање.

Османи оценува дека е потребна јавна дебата, но дека за ДУИ за сега нема убедливи аргументи дека мерката е лоша.

Во таа јавна дебата сметаме дека не се анализирани комплетно бенефитите од една таква мерка и дека не е добро да се укине тој додаток бидејќи нашите анализи покажуваат дека напротив има резултати од една таква мерка. – смета Османи.

Вицепремиерот повика дека прашањето е отворено за јавноста да дебатира, но дека не стигнало до Владата.

Не е ова некоја расправа во Владата бидејќи прашањето не е стигнато до Владата, тоа прашање е отворено за јавна дебата со цел токму ова да се постигне, политичките партии, граѓанските здруженија, граѓаните, ескпертите да кажат мислење и потоа министерството врз основа на тие мислења да го комплетира предлогот. Дали ќе го пушти до Влада или нема. – изјави Османи.

Запрашан за неговата истрага од СЈО, Османи истакна дека за владеењето на правото се потребни два елементи: да нема неказнивост и да се почитува презумпцијата на невиност, и дека ниту еден од овие елементи не смее да биде нарушен.

Тој бара “нормалност“ во процесот и смета дека доколу се утврдат фактите, “тогаш ќе дојде прашањето за моралниот и легалниот кредибилитет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.