„Миленичката„ на Мијалков му се пушти на Мицкоски, го кани на дуел?

Објавил: Македонка Димкин | 24 септември, 2020 18:50

Додека другите се занимаваат со Економија, Македонија се бави со „Шамарите„ од Центар

Фото/Текст извор: ©ТВ24

Поранешната пратеничка на ВМРО – ДПМНЕ Даниела Рангелова се спаси од обвинение во случајот „Насилство во Центар“. На чекор пред пресуда обвинителката Фатиме Фетаи го промени дел од обвинението и ја ослободи, бидејќи делото не се докажало. Од кривичен прогон како Рангелова се спасија уште двајца- Милан Андоновски и Борче Богдановски. 

– Томислав Лазаров, обвинетиот кој призна вина во овој случај негираше нејзино учество и во организацијата и во протестот. Се остана само на ниво на перцепција, а не и докази. Никој не можеше со сигурност да каже дека ја виделе со кого комуницира Даниела Рангелова. – изјави Фатиме Фетаи-ЈО.

Првите минути како слободен граѓанин Рангелова ги искористи за да му испрати порака на Христијан Мицкоски. 

– Жал ми е што требаше четири години да се докажуваме, но со овие аргументи сега се покажува токму спротивното што го тврдеа Мицкоски и “компанијата” и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел, доколку цени дека треба да излезе со мене. Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој. – изјави Даниела Рангелова. 

За Никола Груевски и Миле Јанакиески обвинителството смета дека е докажано делото, и се бараат строги казни. Се нарачувало насилство врз тогашниот градоначалник Андерј Жерновски и протести поради наводно уривање на црква иако се знаело дека на седницата нема да помине ДУП Мал Ринг кој бил по терк на Груевски. Целиот случај почнал од оваа бомба.

Миле Јанакиески за следното рочиште треба да аргументира зошто сака да биде на слобода. По промената на обвинението адвокатите и останатите обвинетиреагираа дека им треба време за завршен збор, иако обвинителите од поранешно СЈО порачаа дека за нив нема промени. 

Никола Груевски ужива во слободата во Унгарија, додека неговиот адвокат по службена должност тука бараше да биде ослободен. Бомбата не ја признава како законски доказ и се повика на помилувањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Овој судски процес трае од 2016-та година и два пати почнуваше од почеток. Пресудата треба да ја изрече судијата Душан Јосифовски.

Види видео

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.