Владата на РМ додели 24 милиони денари на општината Куманово за инфраструктурно уредување на индустриската зона “Новине”, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски!
Денеска министерот Спасовски заедно со премиерот Заев присуствуваа на завршните градежни работи на пристапниот пат до индустриската зона „Новине“ во општина Куманово, со што се комплетира значајна фаза во заживувањето на овој стопански комплекс, кој е од интерес на голем број домашни и странски инвеститори, за брза комуникација со пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи.
Владата на РСМ додели 24 милиони денари на општината Куманово за инфраструктурно уредување на индустриската зона “Новине”, со 51 градежна парцела со различни големини, урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта.
Продолжуваме со бројни инвестиции во нашата држава, со цел подобрување на стопанството, развој на општините и отворање нови можности за бизнис заедницата, вели Спасовски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.