Инаку, компанијата „Еколог Интернешнл“ донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 14 септември, 2020 8:48

ДОДЕЛЕНИ 50 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ НА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО-РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски неодамна ги додели таблет компјутерите кои компанијата „Еколог Интернешнл“ ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од Охрид.

Вакви електронски уреди добија 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење на„онлајн“ апликации.

Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“ и правилата кои ги утврди Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.

Инаку, компанијата „Еколог Интернешнл“ донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...