Контраверзниот претседател на Република Српска во екот на изборната кампања во Босна и Херцеговина казнет со 2.500 евра за говор на омраза а партијата со 3.500 евра за поддршка

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 6:42

Додик парично казнет за говор на омраза

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, доби парична казна поради говор на омраза во текот на предизборната кампања.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина го казни кандидатот на Сојузот на независните социјадемократи (СНСД) за член на Претседателството на БиХ од Република Српска, Милорад Додик, со пет илјади конвертибилни марки, околу 2.500 евра, поради говор на омраза во текот на предизборната кампања.

Партијата, пак, е казнета со седум илјади конвертибилни марки или околу 3.500 евра.

Не предизборниот митинг во Билеќа на 22 септември Додик користел јазик што некого би можел да го наведе или да го поттикне на насилство или ширење омраза. – се наведува во одлуката.

Додик во говорот на 22 септември му се закани на Давор Драгичевиќ, татко на убиеното момче Давид Драгичевиќ, кој од 20 септември деноноќно престојува на плоштадот Краина во Бања Лука.

Што ќе прави тој. Изнел кревет на плоштадот и мисли дека е фраер. На 8 октомври веќе нема да го има. – рекол Додик.

Тој е казнет и дека на митингот му се заканувал на политичарот Дражен Дунџер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.