Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2020 11:42

Дожд, грмежи и силен ветер- од вторник намалување на температурите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешното попладне се очекува нова локална дестабилизација на атмосферата. Облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд и услови за локална појава на грмежи.

Ќе започне да дува умерен ветер кој повремено ќе засилува и истиот во западните предели ќе биде од западен, додека во останатите предели ќе биде од југоисточен правец.

Попладне и навечер, Долж Повардарието ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе биде засилен по интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје денес попладне ќе има услови за појава на локален дожд, а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 21 степен.

Потоа во следните денови, особено од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално ќе има услови и за поинтензивни атмосферски процеси (во форма на НЕВРЕМЕ). Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец додека температурите на воздухот ќе бидат малку пониски од вообичаените за овој дел од годината.

Особено посвежо ќе биде во вторник и во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, и северниот ветер, особено во вторник и во среда на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на слаб снег.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...