среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Пресудата, која денеска беше изречена во Основниот суд во Струмица се однесува за убиството на неговиот сограѓанин Александар Мицев, извршено пред две години на 9-ти октомври.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2020 10:09

Доживотен затвор за двојниот убиец Марјанчо Велев, ги фрлал телата на жртвите во браната Турија

Фото/Текст извор: ©канал 5/Магазин.мк

Струмичкиот двоен убиец Марјанчо Велев, кој жртвите ги застрелуваше, а потоа ги фрлаше во браната Турија е осуден на доживотна робија.

Пресудата, која денеска беше изречена во Основниот суд во Струмица се однесува за убиството на неговиот сограѓанин Александар Мицев, извршено пред две години на 9-ти октомври.

Обвинителтвото го товареше 55 годишниот Велев дека откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во струмичкото село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, но кога останале сами сега осудениот ја искоритил приликата и со два куршуми го усмртил Мицев

Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервоар и го фрлил на дното на езерото „Турија”. Телото на починатиот беше пронајдено во браната на 5-ти август лани.

Во февруари годинава овој суд на Марјанчо му изрече казна затвор во траење од 20 години и за убиството извршено врз струмичанецот Ристо Иљашев на 7 мај 2019 година, чие тело на 20-ти јуни лани исто така беше пронајдено во браната.

Со доживотната казна како што објасни судиката согласно Кривичниот законик се смета за единствена за двете убиства.

Обвинителката Виoлета Милчовска по рочиштето изјави дека е задоовлна од донесената пресуда.

Обвинететиот Велев, на почетокот на судењето, на 7-ми овој месец, пред судот се изјасни за невин и тврдеше дека не го сторил делото за кое е обвинет. Тој има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.