Гласањето е можно и за оние кои имаат позитивен PCR-тест за вирусот корона, имаат благи симптоми или немаат симптоми на болеста и се на домашно лекување!

Објавил: Владо Марин | 29 август, 2020 19:51

ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ ОД САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Еве што ќе важи за оние кои се заразени со короната

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Граѓаните кои се во самоизолација или карантин и не се позитивни на вирусот корона, ќе можат привремено да излезат да гласаат на денот на изборите, недела, 30 август, а потоа да се вратат во карантин или дома, додека оние кои се позитивни и оние кои се на домашно лекување можат да гласаат со писмо, како и оние кои се на болничко лекување!

Ова се наведува во наредбата што синоќа беше донесена од Министерството за здравство на Црна Гора на предлог на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а во која Телевизија Вијести имаше увид.

Граѓаните кои се во карантин или самоизолација, а мерката е утврдена при влегување во земјава или затоа што се во контакт со потврден случај, можат да излезат во период од седум до 20 часот за да го остварат правото на глас со задолжително почитување на сите пропишани мерки (носење заштитна маска, физичко растојание од два метра, дезинфекција на рацете).

Гласањето е можно и за оние кои имаат позитивен PCR-тест за вирусот корона, имаат благи симптоми или немаат симптоми на болеста и се на домашно лекување.

Сепак, тие можат да гласаат само со писмо во семејното сместување или во друг објект во кој се сместени и се должни да ги почитуваат сите пропишани мерки за време на гласањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.