Докторката пред судот треба да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 16:38

Докторката на Трајковски на суд ќе ја образложи неговата здравствена состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера поради здравствената состојба на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски беше одложено судењето за случајот ТНТ, судот ја повика на следното рочиште неговата докторка, која му издала медицинска документација.

Докторката пред судот треба да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето.

Трајковски беше претепан на пешачка патека во населбата Железара во близина на болница, две лица го нападнале по претходна вербална расправија со нив.

– Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна документација, се вели во соопштението од Судот.
Судот го прифати барањето на одбраната за одложување на вчерашното рочиште за предметот „ТНТ“, откако беше доставена лекарска документација дека обвинетиот Трајковски е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски пред извесно време беше претепан  па неговиот адвокат пред јавноста образложи дека поради последици од тепањето Тони Трајковски не може да доаѓа на судења.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.

За делото ТНТ, обвинети се повеќе лица Миле Јанакиески, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.