Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 17:55

Докторката Цаца Билјановска се врати на работа во кожната клиника

Фото/Текст извор: ©Тв 24

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, потврдуваат од клиниката за тв 24.

Докторката заработи кривична пријава од полицијата, а Основното јавно обвинителство Скопје предложи да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра. Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа, во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација. 

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.