Тој рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок во болеста, пренесува Би-Би-Си.

Објавил: Владо Марин | 9 октомври, 2020 8:57

ДОКТОРОТ НА ТРАМП ПОРАЧА: Претседателот реагира исклучително добро на терапијата, може да се врати на јавните должности

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп го заврши третманот со вирусот ковид-19, а викендов може да се врати на јавните должности, изјави денеска неговиот лекар Шон Конли.

Тој рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок во болеста, пренесува Би-Би-Си.

Според него, сабота ќе биде 10-от ден од утврдувањето на дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.

Трамп треба да биде тестиран на Ковид-19 денес, и како што рече, се надева дека ќе одржи нов предизборен митинг викендов, најверојатно на Флорида.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот надмина 36 милиони лица, откако во изминатите 24 часа се потврдени 338.779 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 е зголемен за 5.514 и достигна речиси 1,05 милиони луѓе.

Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заболени од Ковид-19 во светот изнесува 36.002.827, а починати се 1.049.810 пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.