Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.

Објавил: Владо Марин | 29 март, 2020 12:38

Докторот од Битола, позитивен на коронавирус: Негативните коментари патуваат побрзо од вирусот

Фото/Текст извор: ©Моф

По позитивниот тест на коронавирусот, д-р Христијан Трпчевски, инаку специјалист по гинекологија и акушерство во Битола, упати отворено писмо до своите сограѓани кои упатуваат навреди кон луѓето што заболеле од вирусот.

Со негова дозвола, Радио МОФ интегрално ја пренесува реакцијата во продолжение:

„Ми фрливте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд.
Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.
Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).

Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен хитните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки.
Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.

Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корнона вирус. Тестот беше направен и беше негативен.

Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот дкен добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип.

Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи.
Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинков начин.

Направете го и Вие тоа. Ќе бидете херои. Да ми сте здрви и живи за „на век“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...