Матичниот лекар Ненад Лазаров, во интервју за „Фокус“ сепак посочи дека таквата одлука е апсурдна од медицински аспект.

Објавил: Владо Марин | 30 октомври, 2020 12:39

Доктор Лазаров за „Фокус“: Наредната седмица да очекуваме по 1200 случаи, допрва доаѓа најлошото!

Фото/Текст извор: ©фокус

Корона вирусот во Северна Македонија брзо се шири, а здравствените власти предвидуваат тешки месеци во зимскиот период, особено кога ќе почне и сезонскиот грип.

До вчерашниот ден, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29.558, бројката на оздравени пациенти е 19.994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8.587.

Собранието го изгласа предлогот за носење маска на отворено, а според здравствените лица со тоа ќе се намали ширењето на заразата во нашата земја.

Матичниот лекар Ненад Лазаров, во интервју за „Фокус“ сепак посочи дека таквата одлука е апсурдна од медицински аспект.

Сите знаеме дека не е воопшто пристојно да се носи постојано маска. Хируршките маски не можат никако да бидат штетни за здравјето на луѓето, прашање кое се провлекува со ваквата одлука. Јас сметам дека со ваквата одлука – носење маски на отворено, сака да се воспостави контрола над населението, да се направи притисок. Па така, полицијата полесно ќе ги детектира тие кои се без маски и нема да може секој да влегува во маркет без маска“, вели Лазаров.

Околните земји и голем дел од европските држави веќе воведуваат карантин и полициски час поради неконтролираното ширење на заразата. Дали со воведување на такви рестрикции и кај нас, ќе се ублажи овој есенски корона-удар?

Убеден сум дека тоа е единствениот начин да се стави некаква контрола над вирусот. Мора да се стегнат мерките, да се воведат строги рестрикции. Карантин од 10 дена или две седмици треба да се воведе, за да се намалат ударите и на здравствениот систем. Само прашање се денови за ваква одлука“, уверува нашиот соговорник.

Почетокот на грејната сезона го врати и стариот проблем – аерозагадувањето, коj децении наназад никоја власт не успеа да го реши. Тоа, вели Лазаров, ќе прави големи компликации на докторите и целиот здравствен персонал.

Први се на удар лицата со хронични болести. Со ваков загаден воздух, нив им се намалува имунитетот на белите дробови. Тогаш ќе биде вистински хаос, нема да знаеме кој од каде се заразил, каде се контактите“, загрижувачки додава тој.

Со своите последни атоми здравствените работници се борат против новиот налет на корона вирусот, а болниците низ земјава се преполни. И тука се доаѓа до констатацијата дека нашото здравство не успеа добро да се справи со оваа зараза.

Ние не бевме подготвени и лани, кога немаше Ковид-19. Тоа јавно се говори и не знам зошто луѓето се изненадени. Веќе не се издржува, преморени сме. Но, допрва ќе доаѓа најлошото. Ова е очекувано, со оглед на однесувањето на многу луѓе. Оваа бројка е од заразени од минатата седмица, па ќе доаѓаат нови кои во меѓувреме се заразиле. Ако оваа седмица имаме од 600 до 800 случаи, наредната седмица треба да очекуваме 1200-1300 случаи дневно“, смета Лазаров.

Како што додаде матичниот лекар, мора рапидно да се зголеми бројот на тестирања и поголем број на луѓе да се ставаат во изолација.

Досега во земјата се направени вкупно 243.357 тестирања на Ковид -19, а најголем дел од заразените се од главниот град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...