Состојбата беше до некаде смирена и бројот на новозаразени почна да се намалува и во извештаите на надлежните институции да домираат бројките на пациентите кои ја победиле болеста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 11:49

Доктор Чибишев: Одлуката за вакво укинување на рестрикциите е не стручна!

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Република Македонија во последните три месеци живее во специфична состојба која јас ја нарекувам „продолжена стресна состојба“. Поголемиот број граѓаните се крајно загрижени за своето и здравјето на своите семејства, посебно за повозрасните членови на семејтвото и оние кои боледуваат од хронични болести како што се покачен крвен притисок, срцеви и белодробни заболувања и шекерна болест. Граѓаните, барем поголемиот број, преживеаја долги денови на полициски час, ограничено движење, неможност слободно да се движат и да ги практикуваат секојдневните активности.

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 11.11.1959 во Чирчик, Русија. Македонец. Доктор специјалист по интерна медицина, Медицински факултет.

Ова во изјава за КУРИР го истакнува професор доктор Андон Чибишев.

Го прашавме: „Дали се избрза со укинување на полицискиот час и отворање на угостителските објекти“? 

-Состојбата беше до некаде смирена и бројот на новозаразени почна да се намалува и во извештаите на надлежните институции да домираат бројките на пациентите кои ја победиле болеста. Меѓутоа, во последните дваесетина дена состојбата повторно почнува да ескалира, бројките на новозаразени да се зголемува, бројот на починати исто така. И, во една таква специфична новонастаната состојба која воопшто не наликува на завршување на епидемијата, техничката влада на предлог на Комисијата за заразни болести  носи крајно хазардерска, политичка, а не стручна одлука со која ги укинува рестрикциите за движење на граѓаните (со неразбирливо образложение, дека и до сега тие рестикции никој не ги почитувал ?), носат одлука да се отворат угостителските објекти и на крајот најчудната одлука, го враќаат во функција бесплатниот превоз за пензионерите, кои до пред два дена беа дел од популацијата кои без најограничени во слободното движење во тек на денот. Моето мислење е дека ваквата одлука е крајно неиздржана, непромислена и штетна по здравјето на граѓаните, истакна Чибишев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести