Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец!

Објавил: Владо Марин | 25 октомври, 2020 21:58

Документарен филм на МТВ за Бигорскиот Манастир

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По повод великиот јубилеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски.

Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец:

„Вистински предизвик за МТВ беше да се биде дел од историската милениумска прослава на 1000 години Бигорски Манастир, а особено за нас, авторите на документарниот филм, пред сѐ, поради мислата дека можеби, од преголема желба, нешто ќе пропуштиме, нешто ќе остане недокажано….

Но, срцата ни се полни кога знаеме дека успеавме да ја постигнеме нашата цел, со филмот да придонесеме за промоција на Бигорскиот Манастир, како едно од нашите најголеми светилишта, центар на културата, писменоста и уметноста низ вековите“.

Сценарио: Сања Орушева
Режија: Зоран Нефовски
Камера и дрон: Здравко Петрушевски
Монтажа: Ирена Белул

Нашето монашко братство им ја изразува на овие богољубиви душа својата голема благодарност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Убавина

Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи.

Вљубувањето го менува телото на жените

Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин...

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина.

СКОПЈЕ ПОБОГАТО ЗА НАД 3.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ – СЕ ИСЦРПИЈА СИТЕ СРЕДСТВА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди...