Аеродром и Кисела вода се едни од најпогодените општини од индустриското загадување, особено во зимскиот период

Објавил: Данаил Михајловски | 5 март, 2019 23:00

Откриваме: кој го труе Скопје со отровен чад од јаглен – 291 камион?

Фото/Текст извор: ©магазин

Само во месец јануари 2019 година увезени се 291 камион јаглен за согорување во “Цементарница УСЈЕ“, како енергенс за работа на оваа фабрика во Скопје, или отприлика 7.745.840 тони високозагадувачки јаглен, тип “кокс“. Според изворот од фабриката “Цементара“, кој сака да остане анонимен заради заштита на работното место, овој вид на јаглен е еден од најголемите загадувачи на воздухот, чадот од согорен кокс е полн со канцерогени ПМ10 честички, но за жал во Скопје сеуште многу се користи од неколку индустриски капацитети.

Увозот на големо и согорувањето на јагленот “кокс“ во индустриските капацитети во Скопје е веројатно и најголемиот акутен загадувач на воздухот во главниот град со отровните ПМ10 честички. После овие податоци и бројки, прес конференциите на министерот Садула Дураку и заменикот Јани Макрадули дека работат на случајот за чист воздух испаѓа дека се само празни фрази кои имаат за цел да ја манипулираат јавноста дека домаќинствата и нивното греење се виновниците за загаденото Скопје.

Светската банка неодамна излезе со извештај дека загадениот воздух во Македонија годишно одзема по 1.350 човечки животи и ја чини економијата по 253.000.000 евра, властите сè уште ги игнорираат овие загуби и не ги спроведуваат целосно законските мерки за спречување или намалување на загадувањето од најголемите извори, како што се индустриските капацитети. Минатата година мерните станици во Скопје често покажуваа 240 до 500 ПМ10 честички на кубен метар, што е околу 5-10 пати над дозволеното и го сместија Скопје меѓу првите три градови во светот по загаденост на воздухот.

Документот кој стигна до Магазин, од кој се гледа големиот увоз на јаглен “кокс“ во Јануари оваа година води до заклучок дека владата ја манипулирала јавноста во текот на минатата година кога заменик министерот за екологија Јани Макрадули ги наведуваше домаќинствата, користењето на влажното огревно дрво и дизел автомобилите, како најголеми загадувачи на главниот Град.

Прашањето сега е колку ли тони јаглен “кокс“ биле увезени во текот на 2018 година и за кои се индустриски капацитети кои го користат на големо? Овој одговор Министерството за животна средина им го должи на граѓаните, и тоа пред се заради ризиците по нивното здравје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести