Се работи за една позната реклама, каде популарниот фудбалер е маскиран како моторџија.

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 13:56

Долга брада, неуредна коса- Фудбалерот Бастијан Швајнштајгер повеќе не личи на себе!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Објавата на фудбалерот Бастијан Швајнштајгер на неговиот Инстаграм профил, направи голем  бум на друштвените мрежи.

Популарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер толку многу го промени личниот изглед, па ни неговите обожаватели не можеа да го препознаат на фотографијата.

Но, сепак оваа трансформација не е трајна. Се работи за една позната реклама, каде популарниот фудбалер е маскиран како моторџија. Тој на неговиот Инстаграм профил доби многубројни комплименти за неговиот изглед иако непрепознатлив, Бастијан повторно се најде во центарот на вниманието.

Бастијан Швајнштајгер е германски фудбалер. Тој е во брак е со српската позната тенисерка Ана Ивановиќ.

Бастијан Швајнштајгер е германски фудбалер кој моментално игра за американскиот Чикаго фајер.

Првпат заигра за Фудбалска репрезентација на Германија на 6 јуни 2004 во Кајзерслаутерн, на натпреварот против Унгарија. Во дресот на репрезентацијата, каде го носи број 7, играше 72 пати и погодуваше 19 пати.

 Швајнштајгер е познат по својот добар однос со соиграчите на теренот. Има своја фан колекција (маици, капи, шолји, стегачи и др.) која може да се најде на интернет, на неговата официјална страница.

Неговиот брат Тобијас е исто така професионален фудбалер. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.