Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.

Објавил: Перо Милчин | 8 февруари, 2020 20:54

Домашен леб без месење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.

Лебот може да се јаде сам, намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи.

Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.

Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.

Состојки:

300 мл. вода
350 гр. брашно
20 гр. квасец
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
100 мл. масло

Подготовка:

Се става квасец со шеќер во топла вода да се нарасне.
Потоа се додава брашно и се меша, па се става масло, се меша да нема грутки.
Се додава и остатокот масло и се меша се заедно со сол и се остава околу половина час да нарасне.
Се загрева рерната на 220 степени и се става тестото на набрашнета површина, се обликува тестото како леб и се става на плех да се пече додека не добие златна боја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.