Се служи како предјадење или како главно јадење.

Објавил: admin@magazin | 4 ноември, 2019 23:59

ДОМАШНА КРЕМ СУПА ОД ТИКВИЧКИ!

Фото/Текст извор: ©migusto.mk

Имаме рецепт за една многу вкусна и хранлива домашна крем супа од тиквичка, која ќе ве освежи во било која сезона од годината.

Феноменална, како предјадење или како главно јадење со неколку парчиња потпечено лепче.

Брзо и лесно направете домашна супа од тиквици. Добар апетит!

Состав

800 г тиквички
1 средни по големина кромид
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
800 мл супа со зеленчук
150 мл павлака за готвење
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер

Подготовка:

Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на помали парченца. Излупете го кромидот и поделете го на четвртинки. Излупете го лукчето и пресечете го на половинки. Во поголем сад со малку маслиново масло на тивок оган ставете ги тиквичките, кромидот и лукот малку да се запржат.

Потоа исипете ја супата со зеленчук и варете околу 15 минути. Кога тиквичките ќе омекат со рачен блендер изблендирајте за да добиете кремаста смеса.

Додате од павлаката за готвење и зачинете со сол и црн пипер. Послужете ја супата топла со декорација со павлака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.