Од партијата, која е дел од владејачката коалиција, велат дека остануваат доследни на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми, не треба да бидат дел од преговарачкиот процес со ЕУ.

Објавил: Мате Парлоф | 14 јули, 2022 7:01

ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог, одлучи вчера централниот одбор на партијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната седница, Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ, се вели во партиското соопштение.

Од партијата, која е дел од владејачката коалиција, велат дека остануваат доследни на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми, не треба да бидат дел од преговарачкиот процес со ЕУ.

Во исто време, од ДОМ додаваат дека остануваат доследни и на остварувањето на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.

„Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, се вели во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести