Доналд Трамп и Меланија Трамп позитивни на корона вирусот!

Објавил: Владо Марин | 2 октомври, 2020 7:20

Доналд Трамп и Меланија Трамп позитивни на КОВИД-19!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на корона вирусот јавија американските медиуми!

Исто така Трамп, напиша на неговиот Твитер профил дека е позитивен на ковид-19 и дека веднаш ќе биде изолиран и ќе започне со третман за закрепнување.

Неодамна првиот ТВ-дуел меѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден, беше очекуван со огромно нетрпение и брзо се претвори во хаотична, дива вербална битка, во која двајцата се опсипуваа со префрлувања и обвинувања.

Тешко дека оваа ментално исцрпувачка дебата промени чие било мислење“, вели Рон Бонџин, републикански стратег во Вашингтон кој го советуваше Трамповиот тим во 2016. „Секоја страна доби по нешто, но шокот поради личните напади веројатно одби многу луѓе“.

Трамп постојано го напаѓаше Бајден, кој гневно возвраќаше, а модераторот Крис Волас беше немоќен и улогата му се сведе на тоа да го моли претседателот да ги почитува правилата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.