Продолжува битката помеѓу Трамп и демократите

Објавил: Узунов Бобан | 5 јануари, 2019 15:19

Доналд Трамп не се откажува од изградба на зидот

Фото/Текст извор: ©магазин

Доналд Трамп се заканува дека може да ги активира неговите уставни надлежности во случај на “национална итност” се со цел да обезбеди финансии за изградба на ѕидот на границата со Мексико. 

Одредени извори сугерираат дека тоа Трамп би можел да го направи преку репрограмирање на определни средства од Департментот за одбрана  што би го заобиколило Конгресот. 

Доналд Трамп изјави дека би можел да прогласи вонредна состојба во државата за да изгради ѕид долж мексиканската граница, без да добие одобрение од Конгресот. 

Доналд Трамп се закани дека ќе ја затвори јужната граница целосно ако не се обезведи финансирање на ѕидот

Ова уследи по неговата средба со високи претставници на демократите, кои му го одбија барањето за финансирање на ѕидот. Трамп затоа го блокираше законот за буџетот на владата, заканувајќи се дека тоа ќе трае сѐ додека не добие пари за ѕидот.

Владата е делумно затворена веќе трета недела и Трамп изјави дека е подготвен тоа да трае со години. Како резултат на затворањето, 800.000 федерални работници се без плата од 22 декември. Нов состанок на соработници на Трамп и конгресмени е закажан за денеска.

Трамп кажа дека 90-минутниот состанок во Белата куќа бил многу продуктивен, но во исто време, се закани со посериозни мерки.

„Би можел да го направам тоа. Можеме да прогласиме вонредна состојба и да го изградиме ѕидот многу брзо. Тоа е друг начин на кој може да се направи тоа. Многу сум горд на она што го правам. Јас не го нарекувам ова затворање, туку правење на нешто што е во интерес на безбедноста на државата“, изјави Трамп.

По преземањето на мнозинството во Претставничкиот дом, демократите изгласаа закон за повторно отворање на владата, кој вклучува и буџет за безбедност на границите од 1,3 милијарди долари. Но, за да стапи на сила, законот мора да помине и во Сенатот и да биде потпишан од Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести