Претседателот на Соединетите држави рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако ќе се добие.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 мај, 2020 18:46

ДОНАЛД ТРАМП ОДЛУЧИ: Со или без вакцина, се враќаме во нормала!

Фото/Текст извор: ©Informer.rs магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, но тој рече дека Америка ќе се врати во нормала со или без вакцината.

 Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцината или не, ќе се вратиме во нормала. Ние започнуваме – рече Трамп, јави Си-Ен-Ен.

Говорејќи во Белата куќа на настанот каде голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и тој, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годинава, пренесе Ројтерс.

Претседателот на Соединетите држави рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако ќе се добие.

Вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна-кој не ја сака, сам ќе сноси ризик, пишуваат германските медиуми.

Шефот на кабинетот на Канцеларката Ангела Меркел, дека би било пожелно да се вакцинираат што поголем број луѓе, но дека за тоа секој индивидуално ќе донесува одлука.

-Во Германија нема да биде задолжителна вакцината против корона-вирусот. Имунизацијата ќе се спроведува на индивидуална одлука. Се разбира дека ќе биде добро што помасовно да се спроведе вакцинацијата, но секој за себе ќе си одлучи, изјави Хелге Браун, шефот на кабинетот на Меркел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.